Во изминатите четри години, Нуга Бест Македонија, овозможи на илјадници луѓе да ги почувствуваат придобивките од третманите на Нуга Бест.
Сведоци сме на многу успешни приказни кои беа мотив да продолжиме со нашата промоција и секако желба за проширување низ територијата на цела Македонија.
Во центарот кој има 20 кревети, 6 душеци и многу други производи кои се произведени од страна на Nuga Medical LTD кои се ставени бесплатно на располагање на нашите клиенти, дневно се користат од страна на над 300 посетители.
Стратегијата на Нуга Бест Македонија за последниот квартал од 2018, како и 2019 година е проширување и достапност до уште поголем број на клиенти, како и достапност до сите поголеми градови во Македонија.
Во чест на 4тиот роденден, Нуга Бест Македонија ја промовираше својата нова веб страна која ќе Ви овозможи достапност до сите прашања, брз и едноставен пристап на информации за производите како и многу лесна достапност до нас.